Дома Фудбал Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал, се надевам дека тоа ќе стане реалност

Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал, се надевам дека тоа ќе стане реалност

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд призна дека би сакал да биде соиграч со суперталентот на Барселона Ламин Јамал, засипувајќи го со пофалби. Како што е познато, токму 27-годишниот играч е една од трансферните цели на каталонците.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Се разбира, би играл со Ламин. Сите сакаат да играат со најдобрите. Така што, се надевам дека тоа ќе се случи, ќе видиме. Тешко е да се опише со зборови тоа што го прави, бидејќи тоа не е нешто нормално за фудбалер на 16 или 17 години. Тој има само 17 години, а игра на врвно ниво. Не мислам дека сме виделе нешто слично претходно“.

„Златна топка“? Ако зборуваме за најдобриот играч во светот, тоа е Ламин. Ако гледаме кој победи во Лигата на шампионите, тогаш нека биде Усман Дембеле. Мојот пример за модел? Секогаш бил Тиери Анри. Исто како него, сè повеќе уживам да играм како „деветка“, сподели Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кога ќе биде донесена одлуката за судбината на Реал Мадрид!

Реал Мадрид се подготвува за избор на претседател кој ќе го води клубот во следните неколк…