Дома Фудбал Се обиде да го посрамоти Меси, а сега му се смее цел свет поради потегот (Видео)

Се обиде да го посрамоти Меси, а сега му се смее цел свет поради потегот (Видео)

Лионел Меси беше централна фигура во натпреварот во кој Интер од Мајами на крајот победи против Порто со 2:1, а Фабио Виера ќе зажали што се обиде да го посрамоти Меси

Фудбалерите на Интер од Мајами после целосен пресврт го совладаа Порто со резултат од 2:1 на Светското клупско првенство, а централна фигура беше Лионел Меси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меси со спектакуларен гол од слободен удар покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но дојде во центарот на вниманието и во продолжението.

Што се случи тогаш?

Фабио Виера, фудбалер на Порто, на самиот крај повлече една акција и се обиде да го посрамоти Меси кој беше пред него. Му ја провлече топката низ нозе што видливо го изнервира Аргентинецот. Сепак, радоста не траеше долго!

Виера потоа и самиот стана предмет на потсмев затоа што имаше цело поле да одлучи што ќе прави со топката, а тој ја испрати далеку од своите соиграчи и ја уништи последната можност за израмнување. Погледнете како тоа изгледаше…

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…