
Парма официјално го назначи Карлос Куеста за свој нов главен тренер по отпатот на Кристијан Киву кон Интер. Договорот на 29-годишниот досегашен помошник на Микел Артета во Арсенал е за 2+1 сезона.
Ова значи дека Шпанецот се претвора во вториот најмлад тренер во целата историја на Серија “А”. При својот дебит за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена. Порано од него, тренер во италијанската елита бил само Елио Лоски, кој исто така против “бјанконерите” на 28 мај 1939-та ја водеше Тријестина на 29 години, 9 месеци и 20 дена.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Новонаречениот тренер на Парма е број 1 во две други категории во овој аспект: за најмлад тренер во Калчото во 21-ви век, како и за најмлад таков во петте водечки првенства во Европа.
За Куеста ова ќе биде прв обид како главен тренер во неговата кариера, откако пет години беше асистент на Артета во Арсенал. Пред тоа, тој беше помошник во младинскиот состав на Атлетико Мадрид до 17 години помеѓу 2014-та и 2018-та, по што ја имаше истата позиција во Јувентус U17 две сезони.