
Тибо Куртоа по заминувањето на Карло Анчелоти во јавноста испрати индиректни критики за италијанскиот стратег.
Реал Мадрид играше бледо во ремиот со Ал Хилал резултат 1:1, особено во првото полувреме кога арапскиот тим имаше повеќе шанси и беше поблиску до водство.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Куртоа е свесен дека Реал не беше на свето ниво, бидејќи играше „како под раковдство на Карло Анчелоти“.
“По четири години со Анчелоти, сега учиме нови работи и тоа не е лесно да се менува за само четири дена. Чаби сака и да се браниме и да напаѓаме на поинаков начин. Гледавме снимки, многу разговараме и треба многу да научиме од овој натпревар. Потребно е да играме со повеќе трпеливост, да задржиме контрола над топката и да не брзаме. Сè уште го имаме стилот на Анчелоти во играта, и потребно е време тоа да се промени,” рече Куртоа.
Впрочем, Куртоа беше прилично отворен со критиките кон Карло Анчелоти и во текот на втората половина на минатата сезона. Често критикуваше дека Реал премногу се потпира на индивидуалните потези на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Во секој случај, Алонсо сфати дека го очекува многу работа за да ги промени длабоко вкоренетите идеи на Карло Анчелоти, кои му донеле на Реал две титули во Лигата на шампионите, две титули во Ла Лига, Кралски куп…
Фото: Real Madrid C.F/FB