
Конор Трејси, голманот на Окленд Сити од Нов Зеланд, ја живее својата фудбалска бајка – од работа во магацин на фармацевтска компанија, до настап на Клупското светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на денот, Трејси работи далеку од светлата на фудбалската сцена, опкружен со палети и пакувања. Но, неговиот талент и посветеност на фудбалот го донесоа до најголемата фудбалска сцена на планетата – Катар, каде со Окленд Сити учествува на Клупското СП.
Најемотивниот момент за Трејси не беше само самиот натпревар, туку и средбата со неговиот фудбалски херој – легендарниот германски голман Мануел Нојер. За Конор, тоа беше исполнување на сонот. Тие не само што разменија неколку зборови, туку и дресови – гест што за Трејси значи повеќе од каков било трофеј.
Фото: Facebook/FabrizioRomano