Дома Ракомет Еурофарм Пелистер се засили со египетски репрезентативец!

Еурофарм Пелистер се засили со египетски репрезентативец!

Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.

Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.

Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Дуелот за врвот со тесни трибини: Вардар го пречекува Алкалоид во сабота

Вардар и Алкалоид влегуваат во градското дерби со два бода разлика. Поради зафатените скоп…