Жозе Мурињо ова лето потроши околу 200 милиони евра за само три засилувања и тоа Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ.
Сепак, тоа е доволно само за второ место на тебалата со осум бода помалку од градскиот ривал Манчестер Сити.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Иако има голем напредок во играта на Манчестер Јунајтед во однос на минатата сезона, сепак Мурињо постојано е мета на критики, најчесто поради стилот на игра. Тоа го коментираше и легендарниот Сем Алардајс, кој тврди дека денес ретко се наоѓаат квалитетни фудбалери и тие се многу скапи.
„Секој игра отворен и офанзивен фудбал кога има добри фудбалери, доколку потрошите пари и купите играчи кои ви требаат. Таквите играчи сега тешко се наоѓаат. Ги има неколку и чинат по стотици милиони“.
„Многу е тешко да направите тим каков што на пример имаше Алекс Фергусон. За тоа ќе ви требаат отприлика околу 700 или 800 милиони евра на денешниот пазар“, заклучи Алардајс.