Дома Фудбал ФИФА не може да ги продаде билетите за Светското клупско првенство – ги дели на студенти по 3.5 евра!

ФИФА не може да ги продаде билетите за Светското клупско првенство – ги дели на студенти по 3.5 евра!

ФИФА се соочува со предизвици во продажбата на билети за отворањето на Светското клупско првенство. Во сабота, на првиот натпревар ќе се сретнат Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли, но според најновите информации, не е продадена ни половината од капацитетот на стадионот “Хард Рок”, кој може да собере 65 илјади луѓе.

За да привлече повеќе публика, ФИФА воведе разновидни промотивни акции. Една од главните иницијативи е постигнување согласност со Универзитетот Мајами Даде, кој има над 100 илјади студенти. Ним им се нуди билет за 20 долари, со дополнителни четири бесплатни, што ја спушта просечната цена на билет на само четири долари, односно 3.5 евра. Оваа понуда е испратена преку е-пошта и можат да ја искористат само студенти кои можат да го потврдат својот студентски статус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Намалувањата на цените не се ограничени само на студентите. Официјалниот партнер за продажба на билети на ФИФА, Ticketmaster, ги намали цените на билетите од 230 на 55 долари, надевајќи се да привлече и поширока публика на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак си направи огромен проблем во Њукасл и го чека „пекол“

Весникот „Дејли Мејл“ објави дека и онака цврстиот став на Њукасл во врска со иднината на …