Откако Роберт Левандовски јавно испрати порака до раководството да донесе негова замена во тимот, многу имиња на напаѓачи почнаа да се поврзуваат со баварскиот гигант.
Баварците се во потрага по напаѓач во јануарскиот преоден рок кој ќе може да биде замена за Роберт Левандовски, па минатата недела медиумите лецитираа со неколку имиња.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Последното име кое се појави во германските медиуми е напаѓачот на Херта и босански репрезентативец Ведад Ибишевиќ, кој би можел да го облече дресот на Баварците уште во јануари.
Босанецот одлично ја познава Бундеслигата, може да настапува во Лигата на шампиони, притоа е во одлични односи со спортскиот директор на Баерн, Салихамиџиќ.
„Тешко е да се одговори на тоа“, кратко прокоментира Ибишевиќ на прашањето дали ќе премине во Баерн.