Дома Фудбал „Денес во Европа нема многу подобри фудбалери од најдобриот Тоти“

„Денес во Европа нема многу подобри фудбалери од најдобриот Тоти“

Легендарниот фудбалер на Рома, поранешниот капитен на тимот, Франческо Тоти, истакна дека е потребно трпение во врска со можниот ангажман на Џан Пјеро Гасперини како нов тренер на Рома.

Тој смета дека новиот стратег на Рома мора да биде влијателен и голема фигура.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„За да се води Рома, потребен е човек со авторитет. Не сум сигурен дали да му верувам или не, дајте да го евалуираме, не можам сега да донесам пресуда”, рече тој.

Само пред неколку недели, Тоти сподели своите размислувања за тоа кој би можел да стане нов тренер на Рома, споменувајќи имиња како Конте, Де Зерби или Анчелоти.

Само пред неколку дена Тоти учествуваше на хуманитарен натпревар во Парма, каде што постигна гол од средина на теренот.

Имаше едно интересно прашање, дали Тоти би бил денес меѓу топ 20 играчи во светот.

“Би бил меѓу првите тројца. Искрено, во овој момент не гледам ниту еден активен играч во Европа кој е подобар од најдобриот Тоти”, изјави тој.

Фото: AS Roma/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…