Дома Фудбал Нема повеќе дилеми: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Нема повеќе дилеми: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Откако во неделата вечерта со Португалија ја освои Лигата на нациите, Кристијано Роналдо потврди каде ќе игра следната сезона!

Познатиот новинар Фабрицио Романо ја објави веста под „Breaking News“ и соопшти дека Роналдо останува во Ал Наср!

„Мојата иднина? Практично ништо нема да се промени. Останувам во Ал Наср? Да“, ја наведува Романо изјавата на Роналдо.

Португалецот пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година, по неговиот втор мандат во Манчестер Јунајтед. Неговиот премин во Саудиска Арабија беше вовед во бран на доаѓање на европски фудбалски ѕвезди, кои главно се привлечени од вртоглави плати. Роналдо се уште го држи рекордот – заработува околу 3,77 милиони евра неделно, односно скоро 200 милиони евра годишно.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…