Дома Фудбал Леверкузен не попушта – ниту 135.000.000 не се доволни за Вирц

Леверкузен не попушта – ниту 135.000.000 не се доволни за Вирц

Баер Леверкузен ја одби и новата понуда на Ливерпул. Пол Џојс откри денес дека Баер ја одби понудата од 135 милиони евра фиксен дел за Флоријан Вирц.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, тоа не значи дека договор нема да се постигне, туку дека Баер не сака да попушти и да се откаже од своите барања, бидејќи не е тајна дека Баерн Минхен нудел дури 150 милиони.

Со други зборови, се очекува Ливерпул да вклучи потенцијални бонуси за да се искачи компензацијата на износ меѓу 140 и 150 милиони и трансферот да биде реализиран.

Јасно е дека ова ќе биде рекорд и за Премиер лигата и за Бундеслигата, а Вирц веројатно во текот на наредната недела ќе стане член на Ливерпул.

Тој веќе ги договори сите услови со Ливерпул, се заблагодари на Баерн, а сите други не беа ни блиску во оваа трка.

Да потсетиме, Ливерпул веќе го ангажира Џереми Фримпонг, а се очекува наскоро со Вирц да пристигне и Милош Керкез.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…