Дома Фудбал Покетино испрати јасна порака по шпекулациите за враќање во Тотенхем

Покетино испрати јасна порака по шпекулациите за враќање во Тотенхем

Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покетино изјави дека неговото враќање на позицијата тренер на Тотенхем во моментот „не е реално”.

„Денес тоа не е реално. Погледнете каде сме јас и мојот тим. Одговорот е многу јасен”, 
навел Покетино, пренесе денес Би-Би-Си (BBC).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тотенхем го разреши тренерот Анге Постекоглу во петокот, кој во мај ја освои титулата првак на Лига Европа, првиот трофеј на клубот во поголемо натпреварување од 2008 година.

Покрај тренерот на Брентфорд Томас Франк и шефот на стручниот штаб на Фулам Марко Силва, Покетино беше споменат и како еден од кандидатите да го замени Постекоглу на клупата на Тотенхем.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната копачка“ по втор пат во својата кариера

Англискиот напаѓач Хари Кејн ја доби европската „Златна копачка“ по втор пат во својата ка…