
Оваа година, добитникот на “Златната топка” ќе биде објавен во септември по најавените номинации во август. Според петкратниот лауреат Кристијано Роналдо, признанието треба да се додели на освојувачот на Лигата на шампионите, што го насмеа Франк Рибери до солзи, потсетувајќи го на годината 2013.
Пред 12 години, Роналдо ја доби престижната награда во организација на “Франс фудбал”. Тоа се случи и покрај тоа што Рибери, со Баерн Минхен, тогаш ја освоил Лигата на шампионите и ги собра сите можни титули.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Така, Французинот заврши на само третото место, зад Роналдо и второпласираниот Меси. Португалецот ја освои “Златната топка” таа година иако не беше победник на Лигата на шампионите.
Сега, неговата изјава е во спротивност со тоа што самиот го поминал во 2013 година, што очигледно отвори рани сеќавања кај Рибери. Тој на Инстаграм саркастично објави:
“Значи, треба да ја освоиш Лигата на шампионите за да ја добиеш Златната топка?”, се запраша Рибери.
Franck Ribery on Instagram: “So you NEED to win the Champions League to win the Ballon d’Or? 🤣🤣🤣” pic.twitter.com/CuU4eewtVQ
— EuroFoot (@eurofootcom) June 7, 2025
Фото: Al Nasr/FC