
Неочекувана вест ја потресе кошаркарската сцена кога голем број специјализирани портали од странство ја објавија изненадувачката можност Алекс Абринес, капитенот на кошаркарската екипа Барселона, да ја заврши својата кариера.
Според информациите на Мундо Депортиво, кој се повикува на “извори блиски до играчот”, Абринес би можел да се повлече по завршувањето на сезоната во шпанската лига.
Mundo Deportivo reports that 31-year-old Alex Abrines plans to retire after the ACB season 🤯 pic.twitter.com/HcRyvx34FT
— BasketNews (@BasketNews_com) June 7, 2025
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Причините за оваа одлука вклучуваат проблеми со менталното здравје, кои и претходно го натераа да ги напушти Оклахома Сити Тандерс. Дополнително, Барселона има намера да го измени неговиот тековен договор.
Иако Абринес има уште една сезона според договорот, клубот предложи продолжување на истиот но со значително намалување на платата.
Неговата улога оваа сезона е намалена, што е дополнителен фактор за неговото сериозно размислување дали е време да се повлече од професионалниот кошаркарски свет.
Фото: Barcelona Basket/X