Дома Фудбал Лиам Делап потпиша за Челси

Лиам Делап потпиша за Челси

ЧЕЛСИ го комплетираше трансферот на напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, за сума од 35,1 милиони евра. Лондонскиот клуб ја искористи откупната клаузула од договорот на 22-годишниот напаѓач, која стана активна по испаѓањето на Ипсвич од Премиер лигата.

Екипата на Енцо Мареска успеа да ја победи конкуренцијата од Манчестер Јунајтед, Њукасл и Евертон во трката за младиот англиски репрезентативец до 21 година. Делап минатата сезона постигна 12 голови во 37 натпревари во Премиер лигата.

Делап минатата сезона беше ефикасен со 12 голови во 37 настапи во Премиер лигата. Трансферот беше олеснет поради тоа што Делап претходно веќе имал врски со Челси.

Тој соработувал со сегашниот тренер, Енцо Мареска, кога Мареска ја водеше младинската екипа U21 на Манчестер Сити за сезоната 2020/21. Во тој период, Делап забележа импресивни 27 погодоци во само 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше во квизот „Кој сака да биде милионер“, а сега испиша историја и ќе води клуб во – Лигата на шампионите!

Литванија можеби нема многу фудбалска историја или знаење, но може да се пофали со еден од…