Дома Фудбал Барди се сели во нов клуб!

Барди се сели во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди стави точка на својата авантура во турскиот Бодрум. Фудбалерот преку емотивна порака на социјалните мрежи потврди дека го напушта клубот, при што упати искрена благодарност до сите што беа дел од неговиот пат во изминатиот период.

Драго семејство на Бодрум, Искрено ви благодарам на сите за вашата посветеност и безусловна поддршка во овој тежок период – секогаш бевте покрај мене. Можеби не ја остваривме нашата цел, но сигурен сум дека се боревме до самиот крај, не се предадовме, пораснавме и научивме многу. Му благодарам на нашиот претседател, на техничкиот тим и на целиот клупски персонал за прекрасните моменти што ги поминавме заедно. Секогаш ќе бидете во моето срце.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барди зад себе има богата меѓународна кариера. Пред ангажманот во Бодрум, играше за Трабзонспор во Турција, шпански Леванте, унгарски Ујпешт, дански Брондби и за Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар лут на однесувањето на навивачите: Дојде ден кога мора да објаснам зошто ги чешам ушите! (Видео)

Последниве денови, Нејмар (34) повторно се најде во центарот на вниманието, како на терено…