Дома Фудбал „Бомба“ во Охрид: Пристигна ракометар кој шест сезони беше дел од Барселона!

„Бомба“ во Охрид: Пристигна ракометар кој шест сезони беше дел од Барселона!

ГРК Охрид испраќа сериозна порака до конкуренцијата пред стартот на новата сезона. Еден од најдобрите дефанзивци во шпанската Асобал лига, Ориол Реј Моралес, е ново засилување за охридскиот прволигаш!

31-годишниот Шпанец, висок 190 сантиметри, доаѓа од редовите на Гранолерс, каде што имаше блескава сезона и на домашната сцена и во Европската лига. Со него, Охрид добива вистински лидер во одбраната, играч кој зад себе има искуство од највисок европски ранг.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Моралес потпиша договор на најмалку две години и се очекува да биде клучен дел од охридската дефанзива во обидот за поголем резултатски пробив на домашната и евентуално меѓународната сцена.

Кариерата на Реј Моралес е импресивна. Шест сезони беше дел од ракометниот гигант Барселона, со настапи во Лигата на шампионите, а потоа кариерата ја продолжи во Франција, каде две години настапуваше за Пау Аикс во Лидл Стaрлиг. Во неговото спортско портфолио се вбројуваат и настапи за сите младински категории на шпанската репрезентација, а во 2015 година освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.

Иако главно познат како дефанзивен специјалист, Реј има и солидна офанзивна завршница кога ситуацијата го бара. Настапувал и за сениорската репрезентација на Шпанија на неколку пријателски натпревари и турнири, меѓу кои и турнирот во Катар, и често се наоѓал на поширокиот список на „Црвената фурија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски не погоди на празен гол, Белгија брзо казни! (ВИДЕО)

Селекцијата на Белгија прва стигна до водство во на натпреварот во Скопје и тоа откако Елм…