
Франческо Ачерби му одговори на селекторот на Италија, Луцијано Спалети, за неговата одлука да не ја прифати поканата за репрезентацијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ден по поразот во финалето против ПСЖ со Интер со високи 5:0, Ачерби одлучи да ја одбие поканата за репрезентацијата на Италија за натпреварите против Норвешка и Молдавија кои ќе се играат на 6 и 9 јуни во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Спалети денеска на прес конференција кажа дека Ачерби му испратил СМС-порака дека нема да присуствува на собирот, но не ја објаснил својата одлука детално, иако е јасно дека не се работи за физички проблеми.
„Ова не беше лесно донесена одлука, но не постојат услови за мирно продолжување. Барам почит, а ако ја нема од тие што раководат со групата, тогаш би се повлекол. Јасно е дека не сум дел од проектот на тренерот”, кажа Ачерби.
Играчот, кој потоа во својата долга порака додаде: „Ова не беше избор направен поради гнев или разочарување од изгубеното финале на Лигата на шампионите. Им посакувам сѐ најдобро на репрезентацијата и на моите соиграчи”.
Фото: Grok AI