Дома Фудбал Ниту Јамал, ниту Рафиња: Познато кој ќе ја добие „Златната топка“

Ниту Јамал, ниту Рафиња: Познато кој ќе ја добие „Златната топка“

ПСЖ со 5:0 во Минхен го растури Интер и за прв пат стана европски првак, а кружат гласини за тоа кој ќе ја освои Златната топка за оваа сезона. Изгледа дека еден фаворит посебно се истакна по синоќешниот натпревар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ПСЖ за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Синоќа го декласираше Интер со 5:0 во финалето и се искачи на тронот.

Освен тоа, тимот од Париз може да го изнедри и освојувачот на Златната топка за оваа сезона.

Новинарите на „GOAL“ постојано ја ажурираат листата на фаворити за освојување на Златната топка оваа сезона, а по финалето на Лигата на шампионите дојдоа до јасен заклучок: Осман Дембеле ќе го добие овој голем индивидуален трофеј.

Дембеле оваа сезона освои сè што можеше со ПСЖ, Суперкупот на Франција, Лига 1, Купот на Франција и Лигата на шампионите, а сезоната која штотуку заврши е далеку најдобрата во неговата кариера.

Французинот успеа да постигне 35 гола и да запише 15 асистенции, а според наведениот извор, веруваат дека веќе ја освоил Златната топка.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…