Дома Останати Кошарка Скандал: НБА ѕвезда се соочува со обвинувања за силување!

Скандал: НБА ѕвезда се соочува со обвинувања за силување!

НБА ѕвездата Зион Вилијамсон (24) се соочува со обвиненија за силување во Соединетите Американски Држави. Крилото на Њу Орлеанс Пеликанс е обвинето од страна на жена која се претставила како негова поранешна девојка.

Тужбата е поднесена до Вишиот суд во Лос Анџелес, каде Вилијамсон е обвинет за две дела на силување.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Жената, која сака да остане анонимна, изјавила дека се запознала со Зион во 2018 година, во периодот кога тој студирал на Универзитетот Дјук, и дека нивната врска траела до јуни 2023 година.

Во искрено раскажување, таа наведува дека првиот напад се случил во септември 2020 година, во неговиот дом на Беверли Хилс. Вториот настан, според неа, се случил во Сан Диего, кога тој наводно ѝ го одзел мобилниот телефон и лаптопот за да не може да го пријави случајот во полиција.

Неговите адвокати бргу ја негираа тужбата, уверувајќи дека обвиненијата се неосновани и истакнаа дека жената се обидува да профитира од ситуацијата. Вилијамсон нивната врска ја опиша како “пријателска и необврзувачка”.

Зион се приклучи на НБА лигата во 2019 година и беше нарекуван еден од најталентираните кошаркари досега, но честите повреди му го попречија развојот и во последните пет сезони има одиграно само 214 натпревари.

Неговите заработки во НБА лигата досега изнесуваат 70 милиони долари, а до истекот на договорот во 2028 година, неговиот приход ќе достигне 197 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…