Дома Фудбал Гасперини во втор план: Екс-тренер на Милан може да го води Јувентус?

Гасперини во втор план: Екс-тренер на Милан може да го води Јувентус?

Јувентус ги изгуби и Гасперини и Конте, но Тудор сè уште е на клупа и ќе ги води на Светското првенство за клубови, додека шпекулациите на Апенинот продолжуваат со ново име на хоризонтот.

Стефано Пиоли ја освои титулата пред неколку години со Милан, и многумина денеска сметаат дека “Росонерите” погрешија што бараа нов тренер. Неговата вредност како италијански стратег ја докажа во Саудиска Арабија со Ал-Наср, каде што има договор до 2027 година, но изразил интерес за Јуве.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Тој играше за клубот и беше дел од една од најсилните генерации во историјата, во средината на осумдесеттите, но не доби премногу шанси да биде стандарден. За три години одигра триесетина натпревари, освои Серие А, европска и светска титула.

Како тренер, се докажа низ неколку помали клубови, беше сезона во Интер во 2016, а потоа пет години го водеше Милан. Со големо искуство во нозете, сепак е соочен со скептицизам од навивачите кои не го гледаат како јасен избор. Ни тој, ни возможната алтернатива Манчини не се перципирани како гаранција за успех. Мнозинството фанови сметаат дека во вакви околности, Тудор треба да остане бидејќи успеа да се квалификуваат во Лигата на шампионите и го сметаат за “јувентино”.

Целосно гледано, ситуацијата во “Старата дама” е сложена и веќе долго време клубот не бил толку непопуларен кај врвните тренери. Многумина веруваат дека Јувентус има загубено правец. Интересно, Пиоли е посакуван и од Аталанта, кои се помирија со заминувањето на Гасп, а како можен тренер е поранешниот тренер на Јувентус Тијаго Мота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги: Го дадов најдоброто од себе за Интер

Досегашниот тренер на Интер Симоне Инзаги излезе со специјална изјава по веста за неговото…