Дома Останати Тенис Сабаленка: Ми зборуваа дека сум глупава и нема да успеам

Сабаленка: Ми зборуваа дека сум глупава и нема да успеам

Многу проблеми ги загрозуваат тенисерите и тенисерките на патот до ѕвездите. Тие пречки понекогаш изгледаат незапирливи, но најдобрите успеваат да најдат решенија. Токму ова вчера го раскажа Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот.

– Слушнав многу тренери како велат дека сум глупава и дека никогаш нема да успеам. Јас само се смеев и мислев, ќе видиме. Сега сакам да им испратам кратка порака. Тие ништо не разбираат и за нив е подобро да ја напуштат оваа работа за да ги спасат другите играчи – објасни Белорусинката на прес конференција по победата над Олга Даниловиќ со 6:2, 6:3.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На прашањето дали тие тренери така зборувале за да ја мотивираат уште повеќе, таа одговара:

– Мене не ми требаше дополнителна мотивација. Секогаш бев многу мотивирана.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатна грешка на Медведев го круниса Синер за шампион на Индијан Велс

ЈАНИК СИНЕР триумфираше на Мастерс турнирот во Индијан Велс, победувајќи го во финалето Да…