Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо и Антонио Конте се сериозно заинтересирани за дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер.
Јунајтед и Челзи уште во јануари ќе се обидат да го донесат одличниот германски репрезентативец, но проблем би можело да биде висината на обештетувањето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Наводно, Рома не сака ни да започне преговори за понуда пониска од 45 милиони евра, а и тешко дека ќе се откаже од дефанзивецот доколку и понатаму е во борба за титулата.
Рудигер заработи повреда со репрезентацијата и сега конечно ќе се врати на терените, па евентуален трансфер би можел да се случи дури следното лето.
Сепак, медиумите се ибедени дека двата англиски клуба ќе испратат богата понуда уште оваа сезона и дека трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра.