Дома Фудбал Баерн Минхен наредната сезона може да биде уште посилен: Компани го сака новиот Салах!

Баерн Минхен наредната сезона може да биде уште посилен: Компани го сака новиот Салах!

Баерн Минхен зад себе остави успешна сезона. По кратка пауза, тие повторно ја освоија Бундеслигата и се чини дека се вратени на старите патеки.

Во баварскиот клуб, стандардите се на невообичаено високо ниво и, покрај успехот дома, се очекуваат и резултати во Лигата на шампионите.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Оваа сезона, Баерн Минхен беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите од страна на Интер, кој на крај стигна до финалето.

Летниот трансфер период е на хоризонтот, и баварците планираат да бидат активни и ова лето на трансфер пазарот.

Според арапските медиуми, Баерн Минхен има испратено понуда за 17-годишниот Хамза Абделкарим.

Абделкарим го освои вниманието на фудбалските љубители со своите настапи за младинската U-17 репрезентација на Египет.

Тој има одиграно 15 натпревари за младата селекција на Египет, постигнато десет голови и пет асистенции. Моментално настапува за Ал Ахли.

Медиумите од Блискиот исток го споредуваат со Мохамед Салах поради позицијата на која игра и природно, поради националноста.

Според овие извори, Баерн не е единствениот заинтересиран клуб. За него интерес пројавија и Манчестер Јунајтед и Марсеј.

Сепак, според неговиот официјален Инстаграм профил, Абделкарим го следи Баерн Минхен, а тој клуб му е прв избор.

Винсент Компани и раководството на баварскиот клуб со оваа акција би направиле извонреден потег за иднината, бидејќи станува збор за исклучително млад и талентиран играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике: Сакам да бидеме првите што ќе испишат историја

Главниот тренер на Пари Сен Жермен Луис Енрике призна дека тој и неговиот тим се бескрајно…