Дома Фудбал Ждрепката одлучи: Големо Коњаре и Осогово останаа во Втора лига, Преспа немаше среќа

Ждрепката одлучи: Големо Коњаре и Осогово останаа во Втора лига, Преспа немаше среќа

И покрај неуспешните настапи во баражите за влез во Втората македонска фудбалска лига, екипите на Осогово и Големо Коњаре ќе бидат дел од второлигашката конкуренција во сезоната 2025/26. Така одлучи денешната ждрепка што се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Разрешницата доаѓа по неочекуваните одлуки на Воска спорт и Гостивар, кои потврдија повлекување од Првата лига и директно заминување во најнизок ранг на натпреварување. Со тоа се ослободија две места во ВМФЛ, кои – согласно правилникот – се пополнуваат со ждрепка од меѓу трите екипи што беа поразени во баражите за второлигашки статус.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Во ждрепката учествуваа Осогово, Големо Коњаре и Преспа, а среќата им се насмевна на тимовите од Кочани и од истоименото село од прилепско, кои добија шанса да играат во втората лига наредната сезона.

Дополнителна неизвесност постоеше и околу статусот на Беса, откако клубот првично најави повлекување поради откажување на главниот спонзор. Сепак, вчера од клубот стигна потврда дека тимот од Добри Дол ќе продолжи со натпреварување во Втората лига, без оглед на финансиските предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се очекуваат возбудувања на пазарот: Ни доаѓа сезона со три трансфер-периоди

Летниот преоден рок за фудбалери во 2025 година ќе биде специфичен и различен од вообичаен…