Дома Останати Ракомет ЕХФ донесе срамна одлука, отвори правна постапка

ЕХФ донесе срамна одлука, отвори правна постапка

Нема конечка одлука од страна на ЕХФ по повод одложениот реванш дуел од финалниот двомеч од Европскиот куп помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК од Атина кој што требаше да се одигра во Скопје.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка против Алкалоид и АЕК.

Според соопштението на ЕХФ, доставената документација до правните органи се однесува, меѓу другото, на дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на Алкалоид во деновите пред натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да излезе на теренот за почетокот на натпреварот.

И двата клуба се повикани да достават свои изјави и информации кои ќе бидат земени предвид од правните тела на федерацијата.

Наместо одлука и доделување на титулата за нашиот Алкалоид, кој што уредно го организираше мечот, ЕХФ носи срамна одлука и одолговлекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Во Охрид немаат дилеми, утре одат по европска титула!

ГРК Охрид е на чекор до историски успех и освојување на европски трофеј. Во недела од 20 ч…