Дома Фудбал Фримпонг пристигна во Англија за да го финализира трансферот во Ливерпул

Фримпонг пристигна во Англија за да го финализира трансферот во Ливерпул

Џереми Фримпонг денес пристигна во Англија за да го финализира трансферот од Баер Леверкузен во Ливерпул.

24-годишниот Холанѓанец, кој може да игра како десен бек и крило, беше на лекарски прегледи минатата недела, откако Ливерпул ја активираше неговата откупна клаузула во износ од 29,5 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фримпонг ќе потпише договор со Ливерпул на пет години и ќе биде првото ново засилување за шампионите во летниот трансфер период. Во меѓувреме, Ливерпул продолжува да преговара за уште двајца трансфери – левиот бек на Борнмут Милош Керкез и ѕвездата на Баер Леверкузен Флориан Вирц, кој може да стане најскапата набавка во историјата на Ливерпул.

За Баер, Фримпонг постигна 30 гола и 39 асистенции во 190 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси заминува од кормилото, а човекот кој доаѓа нема да ги воодушеви Србите

Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти позицијата на селектор на Србија. Наводно, н…