
Две лица, меѓу кои и едно дете, се тешко повредени во инцидентот што се случи кога маж својот автомобил возеше во толпа луѓе во Ливерпул за време на парадата која беше организирана поради големиот успех на фудбалерите на Ливерпул и освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, соопштија британски медиуми денеска.
Инцидентот се случи во понеделник попладне, кога парадата се ближеше кон крајот, а полицијата уверува дека станува збор за изолиран случај и дека не е поврзан со тероризам, соопшти Би-Би-Си (BBC).
На местото на настанот, беше уапсен 53-годишен Британец кој управувал со возилото. Во болница беа пренесени 27 лица, а две од нив се тешко повредени, од кои едното е дете. Вкупно четворо деца се повредени.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Итната помош на местото на настанот им пружила помош на 20 лица кои се здобиле со полесни повреди. Пожарникарите спасиле четири лица, меѓу кои и едно дете, кои биле заглавени под возилото, пренесе Скај. Полицијата ги повика луѓето кои биле присутни на прославата да не споделуваат видеоснимки преку социјалните мрежи заради вознемирувачката содржина, но ги замоли да ги предадат снимките на надлежните органи.