Дома Фудбал Се појави ново вознемирувачко видео кое го покажува целиот ужас во Ливерпул

Се појави ново вознемирувачко видео кое го покажува целиот ужас во Ливерпул

Две лица, меѓу кои и едно дете, се тешко повредени во инцидентот што се случи кога возач удри во толпа луѓе во Ливерпул, за време на парада посветена на славење на големиот успех на фудбалерите од Ливерпул и освојувањето на првенствената титула во Премиер лигата, објавија денес британските медиуми.

Случајот се одигра во понеделникот попладне, кога парадата беше при крај, а полицијата смета дека се работи за изолиран инцидент кој не е поврзан со тероризам, беше објавено од страна на Би-Би-Си (BBC).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На местото на инцидентот полицијата уапси 53-годишен Британец кој го управуваше автомобилот. Вкупно 27 лица беа пренесени во болница, од кои две сериозно повредени, вклучително и едно дете. Во несреќата беа повредени четири деца.

Екипите за брза помош обезбедија помош на лице место за 20 лица со полесни повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат составот на Македонија: Милевски ги избра репрезентативците за мечот против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот ќе одигра пријателски натпревар …