Дома Фудбал Анчелоти го објави списокот на Бразил за дуелите со Еквадор и Парагвај (Фото)

Анчелоти го објави списокот на Бразил за дуелите со Еквадор и Парагвај (Фото)

Новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, искусниот италијански стратег Карло Анчелоти, го објави списокот на фудбалери за претстојните мундијалски квалификации, а неговиот прв избор веќе предизвика реакции – на него ги нема Нејмар и Родриго.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилските „кариоки“ во јуни ќе ги одмерат силите со Еквадор и Парагвај во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026, а Анчелоти реши да направи драстични промени во составот. Одлуката да ги изостави двете големи ѕвезди предизвика изненадување кај дел од јавноста, особено поради важноста на натпреварите.

Првиот официјален натпревар за Анчелоти на кормилото на селекцијата е закажан за 6 јуни, кога Бразил ќе му гостува на Еквадор, а на 11 јуни „селесао“ ќе го пречека Парагвај на домашен терен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок од Максимир: Динамо го одби Ливаковиќ, причината е сосема јасна

Враќањето на Доминик Ливаковиќ во Динамо последниве денови повторно е една од главните тем…