Дома Фудбал Официјално: Игли Таре нов спортски директор на Милан

Официјално: Игли Таре нов спортски директор на Милан

Само што заврши официјално сезоната во Серија А, а Милан веќе го назначи својот нов спортски директор. Како што беше најавено изминатите неколку недели, тоа ќе биде Игли Таре.

Игли Таре, кој порано беше спортски директор на Лацио, предничи пред имиња како Фабио Паратичи и уште неколку други кандидати. Иако во клубови како Аталанта и Болоња исто така имаат вакви позиции, Таре беше попристапен, што му даде извесна предност.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како поранешен албански репрезентативец, Таре оваа функција ја извршуваше во Лацио цели 14 сезони. Во тој период, Лацио освои шест трофеи, три во домашните купови и три суперкупа. Сето тоа во време кога финансиската ситуација беше значително влошена по заминувањето на Сержио Крањоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …