Дома Фудбал Антони се отвори како никогаш претходно: Во Манчестер јунајтед поминував низ пекол, не сакав ниту да јадам…

Антони се отвори како никогаш претходно: Во Манчестер јунајтед поминував низ пекол, не сакав ниту да јадам…

Бразилецот Антони, кој игра за Манчестер Јунајтед, но е на позајмица во Реал Бетис, сподели интервју за „ТНТ“ каде зборуваше за тешкотиите во Јунајтед. Антони замина на позајмица во Бетис во зимскиот преоден рок откако не успеа да се наметне во Англија, а во Шпанија прикажува одлични игри.

На 25 натпревари постигна девет голови и подели пет асистенции, а неговиот тим во среда ќе се бори во финалето на Конферентната лига против Челси. Во националното првенство, Бетис заврши шести и се пласираше во Лига Европа за наредната сезона. За Јунајтед, Антони одигра 96 натпревари, постигна 12 голови и подели пет асистенции, но често беше критикуван од навивачите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


“Морав повторно да се најдам себеси по се што минував во приватниот живот. Не бев среќен, немав желба за фудбал. Само јас знам какво беше тоа – да седиш дома, без сила дури и за играње со синот, денови без храна, затворен во соба”, изјави Антони. Според Трансфермаркт, Антони се пресели во Јунајтед од Ајакс летото 2022 година за 95 милиони евра, што го прави вториот најскап играч во историјата на клубот, зад Пол Погба (105 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…