
Чаби Алонсо, новиот тренер на Реал Мадрид, изјави дека е горд што го презема кормилото на тимот и има одлично чувство дека ќе постигне значајни успеси кои доликуваат на овој славен клуб.
“Чести ми е да го наследам тимот од Карло Анчелоти, кој беше мој тренер и извонреден човек. Тој остави силен впечаток врз мене и неговото влијание е големо. Без неговата поддршка, можеби немаше да бидам овде денес. Со голема гордост и чест ќе го продолжам неговото наследство, надевајќи се дека ќе ги исполнам очекувањата и ќе го водам клубот кон нови успеси”, изјави Алонсо за време на неговото претставување во Мадрид.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Алонсо ја напушти клупата на Баер Леверкузен на крајот од сезоната и потпиша договор кој ќе трае до јуни 2028 година. Тој го наследи Анчелоти кој ја презеде улогата на селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Шпанскиот тренер истакна дека е прекрасно чувство да се врати дома во Мадрид, каде како играч освои пет трофеи од 2009 до 2014 година, вклучувајќи ја титулата и Лигата на шампионите.
“Без сомнение, ова е многу посебен ден за мене. Многу сум среќен што сум на место каде што сметам дека е мојот дом. Можеби бев отсутен неколку години, но врската со Реал и навивачите секогаш беше тука”, изјави 43-годишниот Алонсо.