Дома Останати Ракомет За вчерашниот скандал се огласи и РФМ!

За вчерашниот скандал се огласи и РФМ!

Бурни се реакциите во јавноста по вчерашниот скандал кој го направи АЕК во Скопје.

Сега се огласија и од Ракометната федерација на Македонија истакнувајќи дека ЕХФ мора да го казни грчкиот претставник.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети.

По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше.

Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ.

Во таа насока, очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата.

Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го реши и тренерското прашање: Милано останува на кормилото!

Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи ти…