Дома Фудбал Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на улиците на градот. На плоштадите и улиците на Неапол, илјадници навивачи славеа пеејќи песни, користејќи пиротехника, прикажувајќи огномет и носејќи транспаренти во боите на клубот. Полицијата објави детали за настаните еден ден по прославата.

Болниците примиле 98 повредени лица, главно поради пиротехника која беше присутна во голем број. Еден турист од Белгија бил избоден додека се возел на мотор низ градот, без некоја посебна причина, според извештајот на „Газете дело Спорт“. Дополнително, полицијата регистрирала десет кражби и уапсила четири лица во Неапол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, фудбалерите на Наполи станаа шампиони на Италија со победата од 2:0 против Калјари. Стрелците на головите беа Скот Мактминеј и Ромелу Лукаку, а со овие погодоци обезбедија предност од еден бод пред Интер. Интер исто така се радуваше, бидејќи победи со 2:0 против Комo на гости, но тоа не беше доволно за да ja сочува титулата италијански шампион.

Фото: Screenshoot/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп му постави пет услови на Реал Мадрид

Се засилуваат шпекулациите за можна соработка меѓу Јирген Клоп и Реал Мадрид, а новите инф…