Дома Тенис Шпанец тврди: Алкараз е подобар тенисер од Надал

Шпанец тврди: Алкараз е подобар тенисер од Надал

Карлос Сантос, поранешниот тренер на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, го пофали својот некогашен соработник.

Сантос го тренираше Карлос Алкараз додека уште беше дете, а сега многумина го споредуваат со Рафаел Надал.

„Алкараз е подобар играч од Надал, покомплетен, кога ги гледаме техничките нешта во тенисот. Дроп шотот, на пример. Надал го изведуваше добро, но Алкараз е магионичар. Рафа има добри удари, силно удира, со многу спин, а и е многу паметен, знае што да направи. Карлос е поинаков, има тој магичен стил што луѓето го сакаат. Брка за секоја топка и никогаш не знаеш што ќе направи следно. Магија“, рече Сантос.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз пред „големата тројка“: Муратоглу ги спореди трофеите на иста возраст

Со седум гренслем-титули на 23 години, Алкараз има подобар учинок од Ѓоковиќ, Надал и Феде…