
Фудбалерите на Наполи синоќа ја освоија титулата шампиони на Италија затоа што во последното коло на Серија А на свој терен го победија Каљари со 2:0. Во центарот на вниманието беше шкотскиот играч од средината Скот Мактоминај, кој на стадионот Диего Марадона доживеа најубавите моменти во својот живот и емоциите едноставно не можеше да ги сокрие.
Во Италија оддамна немавме гледано толку возбудлива сезона кога станува збор за борбата за шампион затоа што Наполи и Интер „се бркаа“ до последното коло, но на крајот титулата оди на југот од земјата.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
На Наполитанците вчера им требаше победа против Каљари за четврти пат во својата историја да ја освојат титулата шампиони на Италија, и тоа го направија без поголеми проблеми бидејќи славеа со 2:0.
Мектоминај не можеше да ги сокрие солзите откако заврши натпреварот и сигурно му падна огромен товар од плеќи по сè што се случуваше претходните сезони.
⚡ГОЛ: СКОТ МАКТОМИНАЈ ПОСТИГНА СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ ЗА НАПОЛИ!!!!!!!
— Haki FC (@thehakifc) May 23, 2025
🇮🇹 Наполи 1-0 Каљари pic.twitter.com/SYP9gfVPuu
Фото: Принтскрин