Дома Фудбал Последните овации на Бернабеу за Модриќ. Шпанците го открија планот на Анчелоти.

Последните овации на Бернабеу за Модриќ. Шпанците го открија планот на Анчелоти.

РЕАЛ МАДРИД денеска од 16:15 часот ќе го одигра натпреварот од 38. коло на шпанското првенство на Сантјаго Бернабеу против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последна шанса за навивачите даго видат Лука Модриќ на стадионот во Мадрид и да се простат од него.

Капитенот на тимот ќе го води Реал и на Светското клупско првенство, но денешниот натпревар е последна шанса за овации. Тренерот Карло Анчелоти ќе му ја овозможи оваа чест.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Ова го откриваат дел од шпанските медиуми со тврдење дека Анчелоти му открил на Модриќ како планира да го направи тоа. “Анчелоти го изнесе својот план за натпреварот против Реал Сосиедад, а тој вклучува посебна гест кон Лука Модриќ. Целта е навивачите собрани на Сантјаго Бернабеу со овации да го испратат хрватскиот плејмејкер.

Поради тоа, италијанскиот стратег му откри на Лука Модриќ: ‘Ќе те извадам пред крајот на натпреварот за да можеш да се поздравиш со публиката од теренот.’ Ова ќе биде последна прилика за навивачите да оддадат признание на трудот што го покажа плејмејкерот откако пристигна во првиот тим летото 2012 година”, пишува Defensa Central.

Модриќ би требало да биде стартер во денешниот натпревар, а ако сè се одвива според предвидувањата, ќе го напушти теренот под аплауз на полните трибини за време на натпреварот. Потоа го очекува заминувањето во Соединетите Американски Држави и потерата по 29. трофеј во дресот на Реал Мадрид. Светското клупско првенство се игра од 14 јуни до 13 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mногу емоции во Мадрид, Модриќ се збогуваше во солзи – тука беше и Крос да го испрати! (Видео)

Лука Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал Мадрид. Во неговиот после…