Дома Фудбал Де Брујне кажал „да“ на Наполи

Де Брујне кажал „да“ на Наполи

Кевин Де Брујне се согласил да премине во Наполи како слободен играч. Сега останува да се види дали претседателот на наполитанците Аурелио Де Лаурентис ќе ги задоволи финансиските барања на Белгиецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Доколку тоа се случи, сè уште не е јасно дали тој ќе потпише договор на две години со опција за три или директно на три, што е желба на играчот.

Де Брујне ќе го напушти Манчестер Сити по десет години во клубот. Имаше многу понуди за него. Тој реши дека нема да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата, иако се спомнуваа имињата на Ливерпул и Астон Вила. Другата опција беше да игра во САД. По разговори со своето семејство, Белгиецот одлучи дека најдобриот избор е Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…