Дома Фудбал Неславен крај на блескавата кариера за Пепе Реина

Неславен крај на блескавата кариера за Пепе Реина

Шпанскиот голман Пепе Реина (42) ја заврши својата кариера, но не на најдобар начин. Некогашниот голман на Ливерпул, Виљареал, Наполи, Лацио и многу други значајни клубови заработи црвен картон во последните минути од првото полувреме на натпреварот од 38-то коло помеѓу Комо и Интер.

Реина направи фаул врз иранскиот напаѓач на Интер, Мехди Тареми, и судијата Давиде Маса не се двоумеше да го испрати искусниот чувар на мрежата надвор од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако беше познато дека ова е последниот дуел на шпанскиот голман, малку кој очекуваше дека ќе биде завршен на ваков начин.

Ова беше 13-тиот натпревар на Реина на голот на Комо, во кој пристигна оваа сезона од Виљареал, а во својата кариера зад него има над 950 официјални натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го најде “новиот Салах”, но Баерн Минхен му ги нарушува плановите!

Во центарот на вниманието е младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска – Ј…