Дома Фудбал Meси лично побарал од Бекам да го доведе Модриќ, откриено и каква плата му нуди

Meси лично побарал од Бекам да го доведе Модриќ, откриено и каква плата му нуди

Лука Модриќ (39) овој викенд ќе го одигра последниот натпревар пред навивачите на Реал Мадрид. Иако ќе биде дел од екипата на Светското клупско првенство кон крајот на годината, клубот оваа недела донесе конечна одлука – нема да му понуди нов договор.Капитенот на Хрватска заминува без формална понуда за продолжување иако повторно беше подготвен да прифати помала плата и маргинализирана улога во екипата.

Причината е јасна: Реал Мадрид се одлучи за комплетна обнова на тимот, а тоа не го вклучува играчот кој во септември ќе наполни 40 години. Не е јасно каде Модриќ ќе ја продолжи кариерата, па дури ни дали ќе ја продолжи воопшто. Не е исклучено ниту дека ова лето ќе се збогува од фудбалот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сепак, веројатно е дека Модриќ ќе одигра уште една сезона некаде, ќе настапи на СП 2026 со Хрватска и тогаш ќе ја заврши кариерата. Дејвид Бекам и неговиот Интер Мајами, за кој настапува и Лионел Меси, би сакале Модриќ да одбере таква крајна одлука за кариерата. „Марка“ истакна дека постои интерес тој да ја помине годината до СП кај нив.

“Интер Мајами уште минатата година покажа интерес за Модриќ. Во април се пишуваше дека самиот Лео Меси побарал хрватскиот капитен да се приклучи на тимот. Откако беше објавено дека Модриќ по 13 години заминува од Реал Мадрид, шпекулациите се зголемија”, пишува „Марка“ и додава:

“Се споменува можен договор на една година до јули 2026, што би му овозможило на Модриќ да ја предводи репрезентацијата на Светското првенство, цел што моментално му е приоритет пред да донесе одлука за понатамошната иднина. Договорот би вклучувал годишна плата од 2.5 милиони евра.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …