Дома Фудбал Ниту Англија, ниту Шпанија: Осимен заминува во Саудиска Арабија?

Ниту Англија, ниту Шпанија: Осимен заминува во Саудиска Арабија?

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (26), кој оваа сезона ја помина на позајмица во Галатасарај, преговара со Ал-Хилал за трансфер во саудискиот клуб, објавија италијанските медиуми.

Осимен минатото лето беше централна тема на трансфер периодот. Откако одби да игра за неговиот Наполи, имаше многу шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, но на крајот заврши на позајмица во Галатасарај. Во турскиот клуб оваа сезона постигна дури 36 гола и осум асистенции на сите натпреварувања. На крајот од сезоната се враќа во Наполи, но италијанскиот клуб сигурно ќе го продаде летово, бидејќи му истекува договорот во јуни следната година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клаузулата за отштета во неговиот договор изнесува 75 милиони евра, а богатиот Ал-Хилал може лесно да ја плати. Саудискиот клуб во јануари се раздели по спогодба со бразилската ѕвезда Нејмар и сега сака да го доведе Осихмен, кој е име познато низ целиот свет, а пред него се најдобрите играчки години.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…