Дома Фудбал Битка за трофејот во Купот на Македонија: Вардар против Струга!

Битка за трофејот во Купот на Македонија: Вардар против Струга!

Вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе се сретнат екипите на Вардар и Струга во битка за трофејот во Купот на Македонија.

Финалето најавува неизвесна битка, бидејќи тешко е да се одреди јасен фаворит. Вардар, најтрофејниот клуб во земјава, одигра извонредна сезоната во Купот, при што на патот до финалето прими само еден гол. „Црвено-црните“ во првата рунда го совладаа Новаци со 2-0, истиот резултат го повторија и против Тиквеш. Следеше минимален триумф од 1-0 над Силекс, а во полуфиналето со убедлива победа од 3-0 против Брера ја завршија работата уште во првиот натпревар, додека реваншот во Скопје заврши без победник – 1-1.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Од другата страна, актуелниот шампион Струга Трим Љум покажа голема напаѓачка моќ. Тимот од западна Македонија тргна фуриозно со убедлива победа од 6-1 против Слога Виница, а потоа ја елиминираше и Македонија ЃП со 2-0. Во четвртфиналето ја мина пречката наречена Гостивар со минимални 1-0, додека најголемиот предизвик беше полуфиналето против Шкендија. Струга славеше со 2-1 во првиот дуел, а во реваншот одигра 1-1, доволно за пласман во големото финале.

Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…