
Најочекуваниот натпревар оваа година – финалето на мастерсот во Рим помеѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер – и понатаму ја привлекува вниманието на тенискиот свет. Неизвесниот прв сет, потоа уверлива победа на Шпанецот во вториот сет многумина ја припишуваат и на фактот што за најдобриот тенисер во светот овој беше прв турнир по завршувањето на тримесечната суспензија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од друга страна, ова беше четврта последователна победа на Алкарас против Синер, не изгуби од него речиси година и половина, уште од полуфиналето на Кинескиот опен во Пекинг, во октомври 2023 година. Значи, долга пауза не е единствениот причинител.
Енди Родик, поранешниот број 1, токму тој детал го коментира во интервју за „Тенис Ченел“:
– Карлос има една предност против Јаник која другите тенисери ја немаат – истакнува Американецот. – Неговата широка палета на удари го прави непредвидлив за противниците, а тоа е она што на Синер не му одговара. Ако тој знае што ќе играте против него, ќе ве победи. Но, ако не знае, тогаш имате добра шанса, а токму тој квалитет го поседува Алкарас.
Фотографија: Принтскрин