Дома Фудбал Болна ноќ за Интер: Мајами поразен пред своите гледачи од Орландо

Болна ноќ за Интер: Мајами поразен пред своите гледачи од Орландо

Лионел Меси и екипата доживеаја катастрофален пораз пред домашната публика. Орландо демонстрираше супериорност и ги освои сите три бода во Мајами. Гостите славеа со убедливи 3:0, а Интер не покажа дополнителна борба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако на хартија домашната екипа изгледаше помоќно благодарение на имиња како Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс, тие овој пат не направија разлика.

Гостинскиот тим беше решителен, организиран и ефективен, а конечниот резултат од 3:0 не го покажува целосно нивната надмоќ.

Од првото полувреме се виде дека Интер нема да го има лесниот пат, првиот удар пристигна во 43. минута кога Луис Муриел погоди за 0:1.

Во продолжението од натпреварот, домаќините се обидоа да израмнат, но во 53. минута беа изненадени со уште еден удар. Пашалиќ го удвои водството на Орландо, оставајќи го Интер во уште потешка ситуација.

Последниот удар го зададе Данкан Мекгујр, кој во четвртата минута од судиското продолжение погоди за финални 0:3.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големиот Санти Казорла „отсвири крај“!

Шпанскиот креативец Санти Казорла објави крај на својата кариера на 42 годишна возраст. Со…