Дома Фудбал Меси за ривалството со Роналдо: Од спортски аспект, навистина беше прекрасно

Меси за ривалството со Роналдо: Од спортски аспект, навистина беше прекрасно

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе останат запаметени како двајца од најголемите фудбалери во историјата. Нивната борба во Ла Лига траеше со години, а Аргентинецот повторно го коментира нивното ривалство.

Во интервју за официјалната страница на наградата за „Златната топка“, Меси нагласи како нивното натпреварување имало големо влијание врз двајцата:

„Секое натпреварување со него беше предизвик. Од спортска гледна точка, беше прекрасно. Еден на друг си поставувавме повисоки цели бидејќи и двајцата сме екстремно конкурентни. Тој (Кристијано) секогаш сакаше да победи, исто како и јас. Тоа беше прекрасно време за нас како спортисти и за сите љубители на фудбалот“.

Од 2008 до 2023 година, тие двајца освоија вкупно 13 „Златни топки“ – осум од нив ги освои Меси, а петтина Кристијано.

Фотографија: Снимка на екранот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…