Дома Фудбал Крај на една ера, Лаказет го напушта Лион

Крај на една ера, Лаказет го напушта Лион

Напаѓачот Александре Лаказет ќе го напушти Лион на крајот од оваа сезона, беше потврдено денес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лаказет е една од легендите на клубот, за Лион настапуваше во два наврати, бидејќи е дете на клубот, ја помина целата младинска селекција. За првиот тим на Лион во двата мандати одигра вкупно 390 натпревари, постигна 199 голови и забележа 55 асистенции.

Во моменти кога беше еден од најбараните напаѓачи во Европа, летото 2017 година премина во Арсенал за 53 милиони евра, а за „топџиите“ играше пет сезони, до 2022 кога реши да се врати во својот Лион.

Лаказетовиот договор истекува на 30 јуни, по што како слободен ќе го напушти Лион и сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Се шпекулира дека има понуди од Саудиска Арабија…

Фото: Olympique Lyonnais/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…