Дома Фудбал Луис Енрике не простува: Брутално го понижи Ендрик (Видео)

Луис Енрике не простува: Брутално го понижи Ендрик (Видео)

Со еден гол и асистенција, младиот Бразилец Ендрик беше клучната фигура во победата на Лион на гостински терен против Пари Сен Жермен (2:1). По мечот, ситуацијата стана интересна поради однесувањето на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој го игнорираше Ендрик.

Ендрик навистина блесна на натпреварот на „Паркот на принцевите“. Постигна гол и асистенција, а после голот одлучи да танцува пред домашните навивачи околу 15 секунди.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова не им се допадна на играчите на домаќините. Ашраф Хакими му укажа на Ендрик да престане со провокации и да се фокусира на играта.

Мароканецот го објасни по средбата таквиот негов потег.

“Зошто така постапив? Сакав да го спречам да провоцира наши навивачи и да се концентрира само на фудбал. Голем талент е”, рече Хакими и додаде:

“Но, кога почнува со такви нешта, кои не се дел од фудбалот, тоа ме вознемирува. Овојпат, уште и губевме”

Однесувањето на Ендрик не остана незабележано од страна на парискиот стратег Луис Енрике. Тој му одговори на свој начин.

По натпреварот, младиот напаѓач се обиде да се поздрави со познатиот тренер, но беше целосно игнориран од Енрике, кој се оддалечи без да му посвети внимание.

Вака изгледаше сцената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Манчестер Сити даваат 100.000.000 евра за 16-годишник!

Откако фудбалот одамна стана бизнис, дури и врапците го знаат, а како што пренесува Спорт,…