Дома Фудбал Меси тешко прифаќа неуспех – повторно ги нападна судиите (Видео)

Меси тешко прифаќа неуспех – повторно ги нападна судиите (Видео)

Интер од Мајами не се наоѓа во најдобра форма во последно време, повторно остана без победа, што придонесе за нервозата кај првата ѕвезда на лигата, Лео Меси.

Претходно, Интер беше поразен од Минесота со 4:1, а ист број голови прими и во поразот од Далас (3:4) кон крајот на април, па како последица на ваквите резултати падна и по ранглистата и моментално е седми.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Меси не успеа да се запише на листата на стрелците, но малку недостигаше да биде запишан во бележникот на судиите и тоа по натпреварот, поради расправата што ја имаше со арбитрите.

Нервозниот Аргентинец му пријде на главниот судија, гестикулирајќи со прстот кон него, потоа се сврте, но се врати за да им каже уште нешто на делителите на правдата (и на една девојка меѓу нив).

Дури тогаш го одведоа Меси настрана, бидејќи постоеше стравување дека ќе добие црвен картон ако продолжи да се кара.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…